2.2 ЧЕКОРИ ЗА ЗАШТИТА НА МЛАДИТЕ
При започнување на процесот за заштита и безбедност на младите, важно е да се разберат и разјаснат кои се темелите на чекорите и постапките кои ќе ги следат спортските клубови. Следниве принципи ќе служат како основни насоки во пристапот кон безбедната и позитивната средина за сите, која ќе ја создаде спортската заедница. Овие принципи треба да служат како „правила“ за однесување за секој поединец во спортскиот сектор.
ПРИНЦИПИ НА БЕЗБЕДНОСТ
Здрав спорт– Сите членови вклучени во спорт треба да имаат забавно и позитивно искуство. Сите треба да учествуваат, да уживаат и да се развиваат преку спорт во безбедна средина, без никаков вид на злоупотреба и насилство. Организациите кои нудат спортски активности за деца и млади треба да обезбедат безбедна средина и секогаш да постапуваат во најдобар интерес на децата.
Инклузивни клубови – Сите членови треба се добредојдени и вклучени во сите спортски активности. Сите поединци кои се дел од спортски настан или активност, имаат должност да пружат поддршка и заштита за сите млади.
Фер игра – Сите имаат право да бидат третирани со достоинство и почит и да не бидат дискриминирани поради нивниот пол, раса, возраст, етничка припадност, способност, сексуална ориентација, верувања, верска или политичка припадност. Младите треба да имаат право на глас. Тие треба да знаат кај кого можат да се обратат кога се загрижени за нивното учество во спортот.