1. Што е насилство и малтретирање во спортот? НАУЧИ како да го препознаваш! ?

Важно е спортските клубови, тренерите, родителите и младите пред се да разберат како се дефинира насилство врз младите во спортот и какви видови на насилство моментално се случуваат. Дефинициите за видовите на насилство ќе им помогнат на сите вклучени во спортот кои работат со млади луѓе да разберат која улога ја имаат сите во процесот на спречување или спротиставување на малтретирањето и насилството врз младите. Започнува со станување свесен за индивидуалното однесување и вредностите што ги покажуваат возрасните пред младите за време на спортските активности што го менува целото искуство на младите кои спортуваат секојдневно. Во врска со ова, важно е јасно да се разбере како да се идентификуваат различните видови на малтретирање и кои се знаците кои треба да ги гледаме кај младите. Овој дел од прирачникот ќе даде различни дефиниции и примери за забележување на насилни однесувања, но поголемиот дел од изворите, на пример, извештајот на УНИЦЕФ и слично, ја засноваат својата дефиниција на деца. Сепак, за потребата за справување и спротиставување на насилството врз младите, ќе ги примениме истите дефиниции за младите во спортот. Подолу има листа на дефиниции, вклучувајќи и специфични детали за разбирањето на секој вид на малтретирање што се случува кај младите во спортот.

Речник на насилството во спортот:

Млада личност во Македонија Врз основа на законот за млади, млад се дефинира од 15-29 години.

Млада личност во СрбијаВрз основа на законот за млади, млад се дефинира како од 15-30 години, што е пример за како различни држави имаат различни погледи во нивните политики и дејства кон одредена група на луѓе врз основа на нивната возраст.

Насилство се однесува на намерна употреба на физичка сила за закана или повреда на млади луѓе. Тоа ги вклучува сите видови на физичка или ментална штета, намерна повреда и злоупотреба, малтретирање, занемарување и сексуално малтретирање. Младите можат да бидет жртви на насилство во спорт, сторители или сведоци.

Превенција се однесува на мерки кои промовираат промени во социјалните и културните шеми на однесување на момчињата и девојчињата и мажите и жените. Овие мерки може да бидат, меѓудругото, иницијативи за кревање на свеста, развојот на едукативни материјали и обука на професионалци. Во овој прирачник, воспоставувањето на заштитни внатрешни процедури се превентивни активности.

ЗаштитаГлавната целна на заштитните дејства е да се обезбеди безбедност и да се задоволат потребите на (потенцијалните) жртви. Заштитата опфаќа (кооперативни) дејства за да ја заштитат (потенцијалната) жртва од било каков вид на насилство во спортот. Исто така под заштита спаѓа и пријавување на појава или потенцијална појава на малтретирање или вознемирување (од тренер, врсник или од поединец од спортската екипа). Во рамките на заштитата, во овој прирачник даваме примери на процедури кои треба да ги развијат спортските клубови,  како и чекори за пријавување како начин да создадеме доверба за сите потенцијални жртви да се чувствуваат безбедно да го пријават насилството.

Обвинителство (и дисциплински мерки) Обвинителството не опфаќа само легални постапки против лица осомничени за малтретирање на спортист, туку и поврзани истражни мерки и судски постапки, вклучувајќи ги и судските случаеви. Ова вклучува кривични и граѓански прекршоци, како и дисциплински/внатрешни постапки за поплаки. Во рамките на спортските клубови и процедурите за заштита, заедно со образовните програми, овој прирачник ќе обезбеди чекори за како да воспоставите партнерство со институциите кои се одговорни за легално следење на случаите на насилство во Македонија и во Србија. Додека клубовите се очекува да се обврзат да не работат со поединци кои имаат историја со насилство и малтретирање.

Родово малтретирање е несакано однесување поврзано со полот на една личност и има ефект или цел да го навреди достоинството на друга личност. Насилство засновано на полот се однесува на секаков вид на навреда што е насочено кон некоја личност поради нивниот пол, што вклучува и сексуално малтретирање и вознемирување.

Сексуално злоупотреба (да измами, присили или принуди некоја личност на било каква сексуална активност што не ја сака другото лице или за која не е доволно зрела да се согласи). Многу е важно да се разбере дека во спортската средина, тоа често се случува кога луѓето ја користат својата моќ да ги условуваат младите да учествуваат во игри, натпревари или други придобивки во замена за некаков вид на сексуална активност. Кога станува збор за пријавување на ваквите случаеви, многу е важно младите да не бидат обесхрабрени од фактот дека насилникот може да каже дека „жртвата е слаб играч“. Дури и ако сексуалната активност не се случила во спортскиот објект, туку била принудена од страна на спортистите (тренери, други врсници, менаџери на клубови, лекари итн.), се смета за сексуална злоупотреба. Друга важна работа е кога ќе се случи сексуална злоупотреба врз девојчиња до 18 годишна возраст, најчесто сторителот користи изговор дека жртвата се „согласила“ со сексуалната активност, но тоа не е изговор дека била измамена и убедена од возрасен, поради позицијата што ја имаат во спортскиот клуб.

Сексуално вознемирувачко однесување од сексуална природа кое е несакано, експлоатирачко, понижувачко, принудно, и/или насилно. Има многу случаеви каде сексалното вознемирување се случило кон девојчињата, со изговор за медицински третман за спортистите (на пример, женскиот гимнастичарски тим на САД кој бил злоупотребен од тимскиот лекар). Многу е важно родителите, тренерите и младите да биде точно информирани дека сексуалното малтретирање не треба да биде оправдано бидејќи е препорачано од доверлива личност, т.е. тимски лекар, физиотерапевт, тренер, без разлика од нивниот пол. Сексуални насилници може да бидат и мажи и жени. Сексуалното малтретирање е почесто насочено кон малолетници (помлади од 18 години), бидејќи се сметаат за полесна мета. Затоа е многу важно да се разговара со момчињата и девојчињата од млада возраст за разбирање на сексуалното малтретирање, несоодветно допирање од страна на возрасни или врсници или сексуални коментари наменети за делови на телото на момчињата, девојчињата, мажите или жените за време на спортска активност. Сексуалните коментари ќе имаат директно влијание на психолошкото здравје на младите и честопати може да доведат до долготрајни последици на нивната самодоверба и срамење од нивното тело.

Физичко малтретирање, намерна повреда, принудни режими, итн. – Честопати тренерите преземаат екстремни мерки и ги тераат спортистите да следат режими бидејќи веруваат дека така ќе победуваат или ќе освојуваат златни медали. Родителите и младите секогаш треба да имаат блиска комуникација и да ги набљудуваат сите процеси, вклучувајќи и видот на храната, витамините и вежбите кои се наметнуваат на младите луѓе. Повреди во спортот може да се случат на различни начини, но родителите и младите треба да се погрижат тренерите да се професионално подготвени и дека имаат знаење за спречување на непотребни повреди кои можат да настанат поради недостаток на професионален развој или лични верувања на тренерите.

Занемарување и невнимателен третман (се што може да му е потребно на детето за неговиот/нејзиниот физички раст и развој: медицинска нега, хигиена, образование, итн. Ова вклучува медицински прегледи, неопходни за младите кои имаат професионална кариера или учествуваат во професионални натпревари).

Емоционална и психолошка злоупотреба вклучувајќи, но не ограничувајќи се на закани, употреба на негативни зборови и пцуење. Заканите може да бидат: не вклучување во игра, не покананување на натпревари, да ја уништат нивната спортска кариера. Пцуењето, користењето на негативни зборови може да бидат зборови кои се користат за време на тренинзи, во соблекувални, за време на игри/натпреварувања, кои негативно влијаат врз личноста кон која се упатени овие зборови. Овде спаѓа и јавно срамење поради губење на поен или на игра.

Претерано тренирање Ова се случува кога спортистот не се опоравува соодветно по интензивен тренинг, и предизвикува замор, опаѓање на перформансите и потенцијална повреда. Некои од знаците за претерано тренирање се: невообичаена болка во мускулите после тренинг која продолжува со понатамошни тренинзи; замор во мускулилте на нозете, дури и при вежби со помал интензитет; неможност да се тренира или натпреварува по тренинзите; доцнење во закрепнувањето; опаѓање на перформансите; продолжен здравствен замор; неможност на релаксација; недостаток на енергија и намалена мотивација; неправилни менструални циклуси или пропуштен менструален циклус; губење на тежина/губење на апетит; или зголемен крвен притисок.

Дискриминација се однесува за физичко насилство и малтретирање (врз основа на пол, раса, сексуална ориентација, попреченост). Дискриминација е нееднакво однесување за време на тренинзи поради полот, неспособност да се обезбеди пристап за професионален развој на спортисти со попреченост; или обезбедување повеќе можности за тренирање и натпреварување за младите кои доаѓаат од семејства со големи економски приходи.

ДопингСупстанци кои ги подобруваат перформансите или несоодветна употреба на лекови против болка, додатоци во исхраната и/или алкохол

Малтретирање, вклучително и сајбер-малтретирање и било каков вид на притисок (вклучувајќи и недоволно работење). Малтретирањето може да се случи и помеѓу младите луѓе и од возрасни, со навреди (слаб, глуп, итн.), исмејување, срамење поради нивните перформанси,  нивната тежина, мускулите или други елементи на личноста. Малтретирањето обично се случува постојано, со намера да се повреди некој.

Удоволување – процес на градење на врска за да се стекне довербата на детето за да се натера да мисли дека секс со сторителот е нормално или дека немаат избор. Често е внимателно испланирано и може да се одвива подолг временски период. Дел од овој процес е употреба на физички контакт инициран и оправдан од страна на сторителот како нормален. Тоа може да биде дел од тренинг, „шеговит“ контакт вон тренингот, на пример, скокоткање и гушкање или изразување на наклонетост. Овој физички контакт често ги преминува професионалните граници, како на пример, долготрајни и повторувачки прегратки, барање од дете да седне во скутот на тренерот, администратор, вработен или волонтер, галење или одржување на подолг физички контакт за време на тренинг, патување или ноќевање.

Ние сметаме дека ова е еден од најважните делови на прирачникот, и затоа треба да се прочита за да имате јасно разбирање за тоа како да ги заштитите младите од секаков вид на злоупотреба во спортот.