1.2. Насилство врз младите во спортот во Македонија и во Србија, ПОСТОИ! – Еве ги податоците

Една од најголемите пречки за разбирање на моменталната ситуацијана младите во спортот во Македонија и во Србија беше недостаток на податоци и статистика. Затоа беше спроведено истражување со 152 млади луѓе, на возраст од 15-30 години, од двете земји со цел подобро да се разберат Искуствата на младите со насилство и злоупотреба во спортот во Макдеонија и Србија.

Истражувањето требаше да собере податоци за постоечкото насилството врз младите во двете држави, како и разбирање на постоечките механизми за пријавување насилство и заштита на младите во спортот. Овој дел од прирачникот ќе ги даде резултатите на анализата што укажува дека младите од двете држави доживеале или биле сведоци на насилство врз млади луѓе во спортот.

ФАКТ 1 9% од младите кои учествуваа во истражувањето, биле сведоци на некој вид на насилство врз младите во спортот, објаснувајќи им на појасен начин да разберат како се дефинира насилство врз младите во спортот. Фактот дека 57.9% од младите биле сведоци на насилство врз младите во спортот е показател за присуството на насилство врз младите во спортот и во Србија и во Македонија. Ако се споредат податоците помеѓу двете држави, 48 испитаници од 76 биле сведоци на насилство врз младите во спортот во  Македонија,  додека во Србија 40 испитаници од 76,  го посочиле истото.

ФАКТ 2 Една од задачите на истражувањето беше да се идентификува видот на насилство врз младите, емоционалната злоупотреба и малтретирање беа посочени како најчести и како сведоци и како жртви, но сепак младите од двете земји биле сведоци или жртви и на физичка и сексуална злоупотреба и дискриминација, што покажува дека младите искусуваат повеќе видови на насилство во спортот. Eмоционална злоупотреба (викање, навредување, пцуење и вербално малтретирање) е најчестиот облик на злоупотреба на кој биле сведоци младите од 15-30 години во двете земји, што претставува 4 % од испитаниците. Вториот вид на злоупотреба на кој биле сведоци 36.6% од испитаниците е малтретирање (исмевање, заканување и агресивно однесување). Од испитаниците кои биле сведоци на злоупотреба врз младите луѓе во спортот, 29.7% oд нив биле сведоци на физичко малтретирање (повредување, шлаканици, клоцање, влечење за коса или било каков вид на користење на сила). Сексуална злоупотреба (несоодветно допирање, искористување на личноста, манипулирање, несакана сексуална активност или сексуални коментари) била видена од 13.9% од нашите испитаници. На дискриминација врз основа на полот, етничката припадност, возраст, социјално/економски статус биле сведоци 15.8% од 88 испитаници кои биле сведоци на различни видови на злоупотреба на младите во спортот.

График Видови на насилство забележани врз младите во спортот

ФАКТ 3 Важен наод од истражувањето е фактот дека младите најчесто ги посочиле спортските тренери како најголеми “насилници“, а насилството меѓу врсници беше посочено како вториот најголем “насилник“. Кога се обидуваат да го идентификуваат насилникот, родителите и членовите на спортските клубови исто така биле идентификувани како “насилници” од страна на младите, што покажува дека се потребни програми и внатрешни политики за прво, да се препознае фактот дека насилство и злоупотреба се случуваат врз младите, и второ, да се решат сите видови на насилство со кои се соочуваат младите. Дополнително, треба да се работи и со млади кои се идентификувани како “насилници“ кон членови на спортските клубови, што може да е директен резултат на недостаток на простор за дискусија, препознавање или преземање на дејства за справување со различни видови на злоупотреба врз младите во спортот.

 

График Идентификување на “насилникот“ во случаите на насилство врз млади луѓе во спортот на кои биле сведоци испитаниците

  • ФАКТ 4Преку истражувањето ние ја анализиравме зачестеноста на насилството во спортот. Младите кои беа дел од истражувањето, кои изјавиле дека се чувстсвувале како жртви на насилство во спорт, 30% посочиле дека зачестеноста на “искусено насилство“ е повеќе од еднаш. Додека5% е процентот на испитаници кои посочиле дека тие “искусуваат насилство“ неделно. 41.3 % посочиле дека никогаш не искусиле насилство. Од ова можеме да разбереме дека зачестеноста на насилство врз младите е различна а би требало да е вознемирувачки и да се случи само еднаш.

График Зачестеност на “искусено насилство“ во спортот

ФАКТ 5 Иако е идентификувано дека младите искусуваат повеќе видови на насилство во спортот, фактот дека 9% од младите никогаш не пријавиле било каков вид на насилство или злоупотреба што виделе или искусиле, покажува зошто се збори ретко за насилство врз младите во спортот и за недостаток на дејствување против истото во двете земји. Дури и оние кои пријавиле, најчесто го дискутирале со родители, пријатели или вработени во спортските клубови, а само мала група на млади го пријавиле проблемот во полиција или друга одговорна институција.

ФАКТ 6 Важен наод од истражувањето е големиот процент на млади кои никогаш не добиле информации за како да посочат и реагираат на насилство, што укажува на потребата од информирање на младите како подобро да ги разберат нивните постапки и постапките на возрасните во врска со повредување на младите.

68.4% од испитаниците никогаш не добиле било каква информација во однос на посочување и реагирање на насилство, ниту од спортски клубови, НВО или други организации. САМО 17.1 %  посочиле дека добиле информации во врска со темата во формални рамки или од спортски клуб или од НВО, додека 14.5% посочиле дека добиле информации од неформални дискусии.

ФАКТ 7 Иако мал број на млади добиле информации во врска со насилство, тие имаат јасно разбирање заштитата и безбедноста на младите во спортот е комбинација од различни активности за спречување на насилството, за спротиставување против насилството на систематски начин и креирање на безбеден простор каде ќе се овозможат позитивни односи меѓу врсниците, младите и тренерите. 3% од млади испитаници изјавиле дека подразбираат “заштита на младите во спортот“ преку преземање на постапки за спречување на насилство врз младите, додека 39.5 % го подразбираат како преземање мерки, постапки на систематски начин во борбата против насилството врз младите во спортот.

ГрафикКако младите подразбираат „заштита на младите во спортот“