Имајќи ги во предвид сите резултати од истражувањето, може да се заклучи дека младите апелираат за дејства за спречување и спротиставување на насилството врз нив, со зголемување на капацитетите на сите за разбирање на сите видови на насилство, со развивање и воспоставување на внатрешни механизми и политики за заштита кои би им овозможиле позитивно искуство на сите млади за време на секојдневните спортски активности, со промовирање на позитивни вредности и земање позитивни примери од возрасните. Собраните податоци се доказ дека насилството врз младите во спортот во Северна Македонија и Србија постои, во повеќе видови на насилство, во различни зачестености и од различни “насилници“, и затоа младите во двете земји бараат и поттикнуваат да се преземат мерки.
Потребата од воспоставување на внатрешни политики за заштита и зголемување на капацитетите на вработените на спортските клубови и федерации на оваа тема се покажа како итна тема. За да има поголем досег и поголемо влијание, прирачникот „Ние, вашите заштитници“ ќе биде достапен на мајчин јазик за спортистите, младите, тренерите и спорстките федерации на Северна Македонија и Србија за појасно да се разбере содржината.
Недостаток на политики, процедури и обуки на мајчини јазици кои имаат цел да ја зголемат свеста и капацитетите на спортските заедници во двете земји влијае на нивната неспособност да ги разберат последиците од недостатокот на политики за заштита или нивните индивидуални постапки за време на спортските активности. Ова е упте една вредност на проектот кој ќе развие прирачници на мајчините јазици и ќе биде достапен во онлајн верзија со бесплатен и лесен пристап за сите.